Успешен настап на филмските аматери од Битола во Шумен

Млади филмски аматери, членови на кино клубот „Студио Милтон Манаки“ Битола успешно се претставија на меѓународниот фестивал на филмски аматери што се одржа во бугарскиот град Шумен.

Во натпреварувачкиот дел младите автори Ема Лазарова и Кристијан Кочовски добија посебно признание – плакета, информираа од „Студио Милтон Манаки“ од Битола.

– На фестивалот во Шумен, Ема Лазарова го промовираше аматерскиот филм „Никогаш повеќе“ посветен на годишнината од депортацијата на битолските Евреи, додека пак членот на студиото, Кристијан Кочовски го промовираше аматерскиот филм „Св. Ахил – островот на Цар Самоил“. Со свои аматерски филмови учествуваа и членовите Оливера Груевска и Диме Талевски, посочуваат од „Студио Милтон Манаки“-Битола.

На покана на „Студио Милтон Манаки“-Битола, претставници на меѓународниот филмски фестивал за аматери од Шумен, летово ќе приредат посебни филмски проекции со аматерски филмови на фестивалот „БитФест“ во Битола.

You May Also Like