Промоција на „Мемоари на задоцнетиот романтичар“ од Божин Павловски

Во книжевниот салон на „Матица македонска“ од Скопје, на Булеварот Св. Климент Охридски, на 30 мај (четврток) 2019 година во 19 часот ќе се одржи промоција на романот „Мемоари на задоцнетиот романтичар“ од академик Божин Павловски.

На страниците од своето најново романескно дело, познатиот писател како на филмско платно ги отсликува политичките, економските и културните процеси што се случувале во нашата држава во последните четири децении на минатиот век.

За естетските и содржинските пораки на романот,промотивна реч ќе одржи проф.д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

You May Also Like