Поетско читање во чест на Блаже Конески

Поетско читање во чест на Блаже Конески – ЈАЗИКОТ Е НАШАТА ТАТКОВИНА, во организација на Друштвото на писателите на Македонија.

Во петок, на дваесетти декември, со почеток во 19 часот, во Друштвото на писатели на Македонија, ќе се одржи поетско читање на кое поети од различни генерации ќе ја искажат својата почит кон ликот и делото на Блаже Конески.

Тие ќе прочитаат по една песна од Конески по свој избор и една сопствена песна. Ќе настапат: Зоран Анчевски, Катица Ќулавкова, Иван Џепароски, Кристина Николовска, Владимир Мартиновски, Виолета Танчева Златева, Тихомир Јанчовски, Сузана В. Спасовска, Снежана Стојчевска, а со писмо ќе се вклучи и Лидија Димковска. Настанот ќе го модерира Александра Јуруковска.

You May Also Like