Отворен повик да бидете дел од проектот на уметникот Петре Николоски

Националната галерија на Македонија во рамки на овогодинешната програма ја организира изложбата на Петре Николоски насловена “БЕСКОНЕЧНОСТ“ (Infinity) која ќе се отвори на 27 декември во просториите на Чифте амам.
Со цел да се изгради главното јадро на оваа изложба, а тоа се обелискот и бесконечната полица (инспирирани од македонскиот современ пејзаж) која ќе се протега во бескрајна низа низ просторот на Чифте амам, потребна ни е помош од вас: љубители на книгата, писатели, научници, едукатори, издавачки куќи, поединци и институции и сите останати заинтересирани, да донирате книги, на трајно користење или на реверс, кои ќе бидат тело за градење на проектот“, велат од Националната галерија на Македонија

Заради алтруистичкиот придонес на сите вклучени во изведбата, ова дело ќе биде долгорочно отстапено на соодветно користење на Националната Галерија на Македонија, Прилепската и Националната и универзитетска библиотека. Резултатот од овој труд ќе биди изложен во Чифте Амам во организација на Националната Галерија на Македонија.

Лице за контакт: Ана Франговска 070 574 930 или на мејл anafrangovska@gmail.com (јавувајте се од понеделник до петок во периодот меѓу 9 и 15 часот)

„ … Книгата – Библиотеката ќе биде метафора и исто така примарен материјал во моделирањето на овaa (од 4 до 6 метри високa скулптурa) во форма на обелиск чиј резултат ќе зависи од вашиот алтруистички придонес, Вие авторите на пишаниот збор и оние за кои книгата е поглед во вистината.“
Па затоа ова е отворена покана до вас писателите во широка смисла на зборот, исто така до членовите на научните, културните и образовните институции и оние кои самостојно делуваат и преку пишаниот збор ја дефинираат мислата, вклучувајќи педагози и љубители на книгата за ваш придонес во реконструкцијата на сознанијата за менталната мапа на Македонскиот Современ Пејзаж.

Заради комплексноста:
Во периодот јануари, февруари 2018 година во Чифте Амам во Скопје се одржa изложбата Приватно –Јавно, каде што преку изложените макети и скици беше представена идејата за делово ‘Бесконечност’ каде што посетителите можеа да го видат нивниот потенцијален алтруистички придонес во овие колективни ликовни дела.

Техничко појаснување:
Делото БЕСКОНЕЧНОСТ ќе бидат сочинети од три единици, од кои во моделирањето на скулптурата ќе биде употребена едната книга од авторите, а другата ќе биди редоследно поставена на специјално направената полица, а во врамен графички приказ ќе бидат редоследно напишани насловите на книгите, имињата на нивните автори и донаторите. Заради ваквиот концепт во организирањето на делото, молиме издавачите и писателите да донираат, по можност, по два примерока од една и иста книга (едната ќе биде ставена во обелискот, а другата на бесконечната полица), без цензура, ограничувања и селективност, а читателите по една книга.

Собирното место за вашиот алтруистички придонес ќе биде библиотеката која ве поканува (Народна и универзитетска библиотека „св. Климент Охридски“ и Библиотека „Борка Талески“, Прилеп) или Чифте Амам (Националната Галерија на Македонија).

 

You May Also Like