Oтпочнува проектот за реконструкција на повеќе од 250 фасади низ цела Македонија

Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска утре (среда, 25.4.2012 година) со почеток во 11:00 часот во просториите на Министерството за култура (објект Нова Македонија, 3-ти кат) ќе се обрати на прес-конференција по повод најавата за отпочнување со реализација на проектот за обнова и реконструкција на повеќе од 250 фасади на стaра градска архитектура во повеќе градови низ Република Македонија.

Проектот чија реализација ќе трае до 2015 година, започнува годинава, со обнова и конзервација на фасади во Скопје, Битола, Прилеп, Крушево и Кратово.

На прес-конференцијата ќе бидат присутни и директорите на националните установи од областа на заштитата на културното наследство:
Завод за заштита на спомениците и музеј Прилеп, Завод за заштита на спомениците и музеј Битола, Национален конзерваторски центар и Конзерваторски центар Скопје.

You May Also Like