Добри практики: одговорноста и развојот на современата култура и уметност

Дискусијата и работилница за длабински цртеж Добри практики: одговорноста и развојот на современата култура и уметност кои се случуваат во Младинскиот културен центар (џебно кино) на 17 и 18 октомври, во рамки на дискурзивно – едукативната програма „Совршениот уметник“ и програмата „Добри практики“.

Денешната дискусија (17-ти октомври, среда) ќе започне во 19.30 часот а ќе гостуваат Мирослав Кариќ и Марија Радош, куратори во Галерија Ремонт од Белград, уметничката Верица Ковачевска по нејзината резиденција во Њујорк како добитничка на наградата ДЕНЕС во 2018 год. и ќе се промовира фанзинот „Примус бр. 2 – AKTO“ кој е создаден од студенти на ФЛУ – Скопје.

На 18-ти октомври (четврток) од 12 часот во МКЦ ќе се одржи и работилницата за длабински цртеж со Горан Стојчетовиќ кој го разгледува цртежот како рефлективна мапа на душевно – духовните состојби и процеси и самото цртање како фокусирање на мисловниот тек.

Талент за цртање не е потребен! Работилниците се бесплатни а пријавувањето може и денес на следниов мејл organizationfru@gmail.com

You May Also Like