Наградени автори на изложбата на ДЛУМ „Мал формат“

ДЛУМ во соработка со КИЦ на 18.12.2018 година во салонот Империал 1 во Културно информативниот центар КИЦ во Скопје ја отвори изложбата со наслов „Мал формат“ .

На оваа изложба учествуваа 48 автори членови на Друштвото на ликовни уметници на Македонија чии дела се изработени во последните две години, а ги опфаќаат сите ликовни медиуми.

На изложбата беа доделени повеќе нагади и тоа
Друштвото на ликовни уметници на Македонија наградата за сликарство му ја додели на авторот Стефан Хаџи Николов, за графика на авторот Срѓан Миќиќ и за скулптура на авторот Златко Бојковски.

Културно Информативниот Центар КИЦ исто така додели неколку награди и тоа:

  • Наградата „Константин Мазев Коце“ на авторот Филип Фидановски
  • Наградата „Вангел Коџоман“ на авторот Мирослав Мишо Вељковиќ
  • Наградата „Адем Кастрати“ на авторката Марија Мицова Гацова

За сите љубители на уметноста изложбата ќе биде отворена до 28.12.2018 година.

You May Also Like