„Мал формат“ на ДЛУМ во КИЦ

Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Културно информативниот центар од Скопје – КИЦ, ве канат на отворањето на изложбата „Мал формат“, вторник 18 декември 2018 година во 20:00 часот во Изложбениот салон – Империјал 1.

“Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25цм претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка”.

На изложбата ќе се претстават повеќе од 50-тина автори-членови на ДЛУМ од цела Македонија, меѓу кои: Ана Темкова, Александар Јанкуловски Цане, Емилија Божиновска, Кирил Гегоски, Марија Светиева, Филип Фидановски, Петра Јовановска, Симеон Арнаудов, Дијана Томиќ Радевска, Ангел Димовски Чауш, Маја Кировска и други.

You May Also Like