„Играчки и роботи како ликовна инспирација“ во НЛБ Галерија

Друштвото на ликовни уметници на Македонија во рамките на програмата на Скопско културно лето и во соработка со НЛБ Банка ја реализираат изложбата „Играчки и роботи како ликовна инспирација “ која ќе се одржи на 20 јули (петок) 2018 година во Галеријата на НЛБ Банка во Скопје, со почеток во 20:30 часот.

„Човечката потреба за играње, стара колку и човекот, е поврзана со разни предмети, од едноставни, пронајдени во животната средина, до комплексни современи електронски уреди. Играчките се неразделен предмет при растењето кои најмногу го задржуваат детското внимание. Во исто време, тие се културен показател за животната средина и времето во кое биле (постоеле) или се се уште актуелни. Малиот човек се идентификува со својот омилен предмет, а честопати во подоцнежните години го чува како симбол на вечен спомен од детството. Во директен контакт со играчките, се стекнува искуство и вештина, се развива имагинацијата, негува желбата за надминување на пречките, се поттикнува натпреварувачкиот дух но и креативен потенцијал. Сето ова од суштинско значење за разбирање на емоционална и психолошка состојба на детето, за подоцна да станат “потпорен столб” во животот и неговото создавање. Детската игра, длабоко врежаниот запис, исфилтриран низ призма на авторски размислувања, преточен на интригантен материјал како што е пергаментот“, авторот на проектот академски скулптор и сликар Лепосава Милошевиќ Сибиновиќ.

Користејќи ги класичните ликовни медиуми: цртеж, графика, сликарки и комбинирани техники, голем број учесници ги “развиле” своите филмови со посебен емотивен набој, што резултира со интересни визуелни рефлексии. Книги, реализирани од различни авторски поетики, блиски на детскиот начин на гледање на нештата, преку реалистични сцени, асоцијативни па се до најапстрактни.“

На изложбата ќе учествуваат автори од Македонија, Србија, Мексико, Шпанија, Бугарија, Унгарија, Ерменија, Куба, Словенија, Хрватска и Франција.

You May Also Like