Министерот за култура Адеми се сретна со лауреатот на СВП Адам Загајевски

Министерот за култура Асаф Адеми се сретна со добитникот на признанието „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2018 година, полскиот поет Адам Загајевски.

На средбата, соопшти Министерството за култура, Адеми му честитал на Загајевски за неговиот придонес во поетската сфера во рамки на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“.

– Сите ние треба да се залагаме заеднички да ја зачуваме и штитиме вредноста на овој фестивал, рекол Адеми.

По средбата, Адеми и Загајевски размениле подароци.

You May Also Like