Македонска вечер во Словенија со Марина Мијаковска и Јовица Илиќ

На летниот фестивал „Летна сцена“ во Руше, Словенија, на 28 август, во 22 30 часот, на локацијата „Одер тржница“, ќе се оддржи македонска вечер на која свое книжевно претставување ќе имаат писателката Марина Мијаковска и кантавторот Јовица Илиќ.

Марина Мијаковска и Јовица Илиќ ќе се претстават со неколку свои творби на македонски јазик и во превод на словенечки јазик.

По поетското претставување концерт ќе одржат Нино Мурешкиќ и Дејан Берден.

You May Also Like