На 15 декември 2018 година со почеток во 19:00 часот во кино салата на Кафе бар Селект на осмото издание на меѓународната манифестација „100 Илјади поети за промена“ – Струмица, Македонија.
Глобалното движење „100 Илјади поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ го реализира осмото издание на поетската манифестација „100 Илјади поети за промена“, а Струмица повторно ќе биде домаќин на сите поети кои ќе изразат интерес да бидат дел од мисијата на самата манифестација.
Ова е настан кој е дел од глобалната манифестација „100 Thousand Poets for Change“ – меѓународна манифестација која годишно се оддржува во повеќе од 50 држави, меѓу кои е и Република Македонија.
Штит од стих
За 100 илјади поети за промена 2018
„Еве ги повторно поетите, тие чувствителни деца на литературата.
Еве ги и во оваа болна година, полна злоба и омраза на секој милиметар, на страдања на секој чекор, загледани напред и во себе. Еве ги тие вечни сонувачи со отворени очи, вџарени пред лудилото на светот, вџашени од прекројувањата на границите, новите редови бодликава жица и колоните бегалци кои го напуштаат домот.
Еве ги, стојат и се бранат со штит од стих. Ги бранат и оние што ги читаат и слушаат стихови, и оние кои не читаат и не слушаат, и оние што ја презираат уметноста на зборот. Ги бранат дури и оние што не умеат да читаат, а можеби најмногу ги бранат и штитат оние кои што никогаш не чуле за поезија.
Еве ја таа армија на избраници, толку осамени во својата емпатија, толку уверени дека таа може и треба да биде заразна. …“
(Од воведот на Александра Јуруковска, новинар и книжевен критичар)
Дизајн на плакат: Сашко Илов