Изложба на џиновски метални скулптури од Андреј Миневски

Миневски работи скулптура од различни видови материјали, но во металот го гледа сопствениот уметнички израз и креативност.

На 15 декември во населбата Методија Андонов Ченто на просторот на истоимениот парк, ќе бидат поставени 3 скулптури на праисториски животни во природна големина, изработени од метал, од академскиот скулптор Андреј Миневски.

Изложбата е поддржана и од Општина Гази Баба која излезе во пресрет со простор за оваа намена.

Изложбата е насловена „Од граѓаните за градот“ и е дел од програмата на Град Скопје ворамките на програмската активност за програми и проекти од областа на културата „Од центарот кон периферијата: културата како алатка за социјален развој“.

Андреј Миневски е роден 1992 година во Скопје, со средно образование се стекнал во  Училиштето за уметност и дизајн “Лазар Личеноски” во Скопје. Во 2013 година дипломира на Факултетот за ликовниуметности на отсекот вајарство во класата на професорот Исмет Рамиќевиќ. Миневски работи скулптура одразлични видови материјали, но во металот го гледа сопствениот уметнички изрази креативност. Учествува на повеќе групни изложби,  и на повеќе колонии меѓу кои иинтернационални: Кичевската 2016 и Дев9Т фестивал 2018 во Белград. Ова е неговавтора самостојна изложба на скулптури од отпадно железо.

Изложбата ќе трае 30дена.

You May Also Like