(Видео) Џоле Токсикологија со „Јас сум фристајл“

„Токсикоглија мјузик“ го најавува првиот микстејп-пред/албум на раперот Џоле (Ѓоко Блажевски) под наслов ,,Таков сум ЈБГ”.

Ова музичко издание, ке биде достапно за јавноста како подарок, за бесплатен download на официјалниот интернет портал на Токсикологија Мјузик: www.toksikologijamusic.com почнувајќи од среда (7-ми декември 2011). Како музички продуценти се појавуваат Скит Скитара, ММ и Нино Васков, а како гости – артисти: Сиги, Скит Скитара, АцеНЛ, Кацар, Yass, Dios, Gе – Франција. Извршен продуцент е Скит Скитара со кој Џоле моментално го работи новиот и прв официјален музички албум кој треба да биде издаден до крајот на 2012 година.

Меѓу насловите кои се наоѓаат на микстејпот “Таков сум ЈБГ” веќе се снимени 3 видео спотови за песните “Таков сум ЈБГ”, “Колку си им потребен” и најновото видео за “Јас сум фристајл” кое е снимено во Франција. Текстот е на Џоле, музиката е на Скит Скитара, а монтажа и режија, Филип Зашков.

You May Also Like