
Во Кавадарци денеска беше промовиран „Кавадаречкиот историски речник“ дело на Петре Камчевски, со што е одбележан и двоен јубилеј за Камчевски, 30 години работа и 15-то по ред издадено дело, пренесува МИА.
– За Петре Камчевски има да се зборува многу, но за него доволно говори круната на неговиот труд, речникот кој сега го промовираме, истакна во својот говор, виш кустос историчар Васил Кимов.
Професор – доктор Марко Китевски подвлече дека малкумина се решаваат да пишуваат вакви книги, но Камчевски го прифатил предизвикот и не згрешил во тоа.
„Кавадаречкиот историски речник“ е финансиски поддржан од Министерството за култура.