Њујорк, 15 ноември 2010 (МИА) – Фронтменот на светски популарнатра рок група „U2“ Боно Фокс го пофали ослободувањето на мјанмарската опозициска лидерка Аунг Сан Су Чи, по седумгодишната казна мината во домашен притвор.
Су Чи, доследeн борец за човекови права, беше апсена неколку пати во последните две децении. Боно во неделата на медиумите им изјави дека се чувствува одлично откако слушна дека Су Чи е пуштена на слобода.
– Ова е некој вид уживање со дозна на внимателност, бидејќи таа сега се наоѓа на слобода, што може да значи дека е се уште ранлива, рече славниот лидер на групата „U2“.
Тој додаде дека е возбуден од можноста за почеток на една рационална дискусија.
– Таа е своевиден Нелсон Мандела на нашето време. Нејзината борба стана симбол на она што е најдобро и најлошо меѓу луѓето, рече Боно.