Македонска поезија на украински јазик

Деновиве издавачката куќа „Феникс“ ја објави Антологијата на современата македонска поезија на украински јазик во избор на украинската поетеса и преведувачка Ана Багријана, која е автор и на предговорот.

Во Антологијата Багријана вклучува вкупно 73 македонски поети, притоа ставајќи го акцентот на најзначајните појави, тенденции, објави и поетики.

Меѓу поетите застапени во Антологијата се: Матеја Матевски, Георги Сталев Поповски, Илхами Емин, Иван Чаповски, Трајан Петровски, Благој Самоников, Ефтим Kлетников, Санде Стојчевски, Ристо Лазаров, Веле Смилевски, Раде Силјан и многу други.

 

You May Also Like