Благодарници за писателите кои половина век се членови на ДПМ

На последната седница претседателството на Друштвото на писатели на Македонија одлучи благодарници да добијат 22 писатели кои во Асоцијацијата членуваат 50 години.

Благодарници ќе им бидат врачени на писателите: Матеја Матевски, Милан Ѓурчнов, Георги Сталев, Цане Андреевски, Георги Старделов, Илхами Емин, Благоја Иванов, Видое Видичевски, Јован Стрезовски, Влада Урошевиќ, Фахри Каја, Јован Павловски, Србо Ивановски, Оливера Николова, Радован Павловски, Методија Фотев, Александар Поповски, Гордана Михаилова Бошнакоска, Иван Чаповски, Миле Неделкоски, Александар Ежов и Милан Терзовски.

Благодарниците на писателите кои во ДПМ членуваат педесет години ќе им бидат врачени на 13 февруари, на свечениот собир  по повод одбележувањето на денот на формирањето на ова асоцијација

You May Also Like