Концерт на трио „Интерарт”

Концерт на трио „Интерарт” како дел од „Есенски музички свечености 2018″ во Музеј на Град Скопје, вечерва (петок, 16 ноември) од 20 часот …

Александар Стефановски – флејта
Емилија Ристевска Стефановска – флејта
Татјана Божиновска – пијано

П Р О Г Р А М А :
Dmitri Shostakovich (1906 – 1975)
5 Pieces for flutes and piano
Franz Doppler (1821 – 1883)
Duettino Hongrois op. 36
A. B. Furstenau (1792 – 1852)
Rondo brilliant op. 102
Franz Doppler (1821 – 1883)
Hungarian Fantasy op. 35
Ian Clarke (1964*)
“Maya” for 2 flutes and piano

После добивањето на престижната ПРВА награда „Диплома на честа“ на „Tornero Internazionale di Musica“ натпреварот во Париз (Франција) во 2006 год., триото „Интерарт“ доби значајно признание за нивната работа во областа на камерната музика. После TIM натпреварот, триото беше покането да настапи во Рим заедно со уште шест состави – лауреати на камерни натпревари од целиот свет.

Триото „Интерарт“ е формирано во 1997 год. во Германија, каде македонските флејтисти Александар Стефановски и Емилија Ристевска Стефановска заедно со јапонската пијанистка Макико Хирата настапија со рецитал во Алтенбург, а потоа следеа и два концерти во Македонија.

Сегашната формација на Триото „Интерарт“ (Александар Стефановски-флејта, Емилија Ристевска Стефановска-флејта и Татјана Божиновска-пијано) има настапувано на повеќе значајни концертни подиуми и фестивали во Македонија : Охридско лето, Скопско лето, Салон 19,19, Битолско културно лето, Хераклејски вечери, Музички вторник, Ден на културата во Битола, Златна лира, Интерфест – Битола, го снимија својот прв инструментален видео-спот кој се емитува на ТВ станиците во нашата земја.

Триото во 2006 год. е добитник на најпрестижното битолско признание, наградата „4 Ноември“, како и наградата за „Најуспешни битолчани“ која ја доделува Битолски весник.
Сите членови на Триото „Интерарт“ се докажани солисти кои имаат настапувано со рецитали во Македонија и надвор од неа, како и со Македонската Филхармонија.

Триото има настапено во Франција, Италија, Германија, Грција, Хрватска, Норвешка, Турција, а на 8 септември 2007 – Денот на независноста на Македонија ја претставуваше Македонија во Македонскиот Културен Центар во Њујорк, каде и беше промовирано првото CD. Во 2008 год. триото настапи на Фестивалот “North Quabbin’s Center for Performing Art” во Њу Салем, САД. Во 2008 год. триото го сними и промовираше своето второ CD со современа музика.

Во јули 2009 год. Триото „Интерарт“ го освои третото место на Интернационалниот фестивал Premio “Citta di Padova” во Падова, Италија.

Во 2010 год. триото „Интерарт“ го сними и своето трето CD.

Во 2012 год. триото „Интерарт“ ја претставуваше Македонија во Анкара, Турција, а во 2013 год. триото беше номинирано за наградата „Виртуози“ во категорија камерни ансамбли.

You May Also Like