Kнижевна вечер со Виктор Јованоски

Книжевна вечер со Виктор Јованоски, насловена „Ноќ на спомени и воздишки“- Prosimetrum, преднајава на една идна книга. Ќе се одржи на денес, 26.04.2011( вторник), со почеток во 20:00 ч. , во Галеријата на МКЦ.

„Prosimetrum е стара, распространета и речиси заборавена форма на книжевен израз: стихови промешани со прозни делови кои обично служат како коментар или објаснување на песните. Ноќта на спомени и воздишки треба да претставува една токму таква вечер: Виктор Јованоски ќе прочита неколку свои необјавени песни зборувајќи за нивната генеза и аспекти на нивното значење. Целата вечер е сеќавање на некое минато време: и лично и колективно.“

You May Also Like