Kонцерт на квартетот „Асасело“ во црквата „Света Софија“

Музичката програма продолжува со концерт на квартетот „Асасело“, со уметниците Ростислав Кожевников на виолина, Барбара Штрајл – виолина, Јустина Шлива – виола и Тееми Мјоханен на чело.

„Асасело“ е формиран во Базел во 2000 година, уште додека неговите членови биле студенти на отсекот за камерна музика на тамошниот факултет. По дипломирањето квартетот се сели во Келн, каде продолжуваат да работат и да студираат под менторство на познатиот квартет „Албан Берг“. Членовите на „Асасело“ кариерата ја започнуваат со победата на натпреварот „Мигрос Културпроцент“ во Цирих по што следат турнеи и интернационални концерти во Унгарија, Русија, Холандија и Велика Британија.  Ансамблот добива значајно уметничко водство работејќи заедно со некои од најзначајните композитори на нашето време како Томас Адес, Александра Грука, Михаел Џарел, и др. Во 2016 година квартетот ги сними сите квартети на Арнолд Шенберг со сопранот Ева Реш за издавачката куќа Џенуин (Genuin).

Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток од 21 часот, петок, 19 јули.

You May Also Like