Ви ја претставуваме богатата ликовна програма која што во периодот мај-јули ќе биде реализирана во Берлин и Скопје.
Во проект галеријата Прима Центер Берлин на 31 мај 2013 ке бидат биде отворена излозбата “Око” на македонскиот уметник Крунислав Стојановски што живее во Загреб. На оваа изложбата авторот ќе се претстави со просторната видео инсталација “Око” пропратена со фотографскиот циклус “Портрети” составен од 300 фотографии портрети на уметници со кои соработува тој. Изложбата “Око” на Крунислав Стојановски ќе биде отворена до 14 јуни 2013 година.
Следува излозбата “Илуминации” на македонската графичарка и сликарка Наташа Станковска Зафировска која ќе биде отворена на 29.06.2013 и ке трае до 25.08.2013.
Овие две излозби се дел од програмата на Македонското министерство за Култура што ке бидат подржани и реализирани оваа година во проект галеријата Прима Центер Берлин.
На 07.јуни 2013 во изложбениот простор “Културхаус Спандау” во Берлин ке биде отворена самостојната изложба “Мета-Портрет” на македонскиот сликар Јован Балов кој годинава празнува 30 годисно ликовно творештво и активност. На оваа изложба авторот ќе претстави 16 портрети насликани во периодот од 2007 – 2013 година.
На 04.07.2013, во истите простории, “Културхаус Спандау” во Берлин ќе биде отворена изложбата “Игра со сонцето” во која ќе се престават дела на уметници од Македонија кои живеат и работат во Берлин: Димитар Христов, Ана Матовска и Мимоза Велиу. Куратор на изложбата е Јован Балов.
Реализацијата на овие две изложби во “Културхаус Спандау” во Берлин е подржана од Германско-Македонското друштво од Берлин. На 05.07.2013 во центарот на Берлин во Галеријата “Неуротитан” ке биде отворена групната изложба “Хероес”. Во изложбата учествуваат 14 интернационални берлински уметници меѓу кои ќе биде претставен, како посебно селектирано дело, циклусот на портрети “Со моите очи” на Јован Балов.
На 09.07.2013 година во рамките на програмата на Скопското културно лето ке биде отворена берлинската групна изложба “Б линии”. Во оваа изложба на цртези и дела на хартија ке бидат претставени 15 берлински уметници чија ориентација е реалистичкиот-фигуративен ликовен израз. Мегу нив же бидат дела на автори кои многу добро и се познати на македонската публика: Гениа Чеф, Арцхи Галенц, Нина и Торстен Роемер, Ловро Артуковиќ, Кавата Мбити, Мартин Јуеф…Мего уцесниците на оваа изложба ќе бидат и македонските уметници сто зивеат во Берлин: Ана Матовска и Димитар Христов. Куратор и учесник во излозбата е Јован Балов.