ФОТО: Доделување на наградата на Open Buldings за Спомен куќата на Тоше Проески

Ви презентираме фотографии од вчерашното доделување на наградата за најдобро архитектонско дело за 2011 година за Спомен куќата на Тоше Проески на Меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона.

Со 15.078 гласови од целиот свет што Меморијалниот споменик за Тоше  ги доби на интернет порталот Open Buldings, тој по првата фаза беше на првото место, по што доби и најмногу гласови и од жири комисијата.

На второ место на натпреварот, за кој гласањето заврши вчера попладне, е Музејот на сеќавањата и толеранцијата во Мексико Сити и Атмосфера во Калкута.

Годинава прв пат е воспоставена наградата People’s choice Award, со што за своите фаворити гласаа не само архитекти, туку и луѓето од целиот свет. Од пријавените над 1.000 проекти, право на учество добија 704. Објектите можеа да бидат од разни категории, а главен критериум за учество во гласањето беше да се завршени оваа година. Спомен куќата на Тоше беше меѓу фаворитите oд почетокот на гласањето во август годинава.

 

You May Also Like