На програмата на фестивалот денеска (петок, 19 јули) е и изложбата на уметникот Стефан Хаџи-Николов, зад кој стојат 75 самостојни изложби во Скопје, Охрид, Солун, Истанбул, Анкара, Софија, Пловдив, Варна, Белград, Ниш, Приштина, Лондон, Париз…
Оваа изложба ќе биде негово осмо самостојно претставување во Охрид одбележувајќи 30-годишен јубилеј од првата самостојна постановка во градот Охрид.
Изложувајки осум пати во Охрид, сликарот успеал да се претстави со повеќето свои творечки периоди.
На изложбата се претставува со фигуративни и не фигуративни слики и за прв пат го слика градот Охрид, неговата околина со еден специфичен ликовен израз.
Галерија “Куќата на Робевци”, 20 часот.