Концерт на ансамбл „Стефче Стојковски“ во Струга

Во рамките на проектот „Музички корени“ вечерва (26 јули)  пред платото на центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, концерт ќе одржи ансамблот „Стефче Стојковски“ со пријателите.

Проектот е дел од активностите на струшкиот Центар за култура со поддршка на Министерство за култура.

Стефче Стојковски е роден 1972 година во Скопје. Љубовта кон народните инструменти ја добил од неговте дедо и татко, долгогодишни членови на традиционални фолклорни ансамбли. На седум години почнал да свири на кавал, а на девет ја имал првата аудио снимка. Покрај на кавал, Стојковски свири на гајда, зурла и тамбура.

Во 1997 година формира свој ансамбл на народни инструменти и песни „Стефче Стојковски“. Издал седум албуми и еден видео материјал, а работи и на филмска музика.

Има настапувано низ повеќе држави меѓу кои САД, Канада, Јапонија, Кина, Тајван, Русија, Турција, Шпанија, Италија, Франција, Шведска Белгија,..

You May Also Like