Изложбата „За неа“ во Националната галерија со дела со интересни приказни зад себе

Вечерва (четврток, 7 март 2019) во Чифте амам, ќе биде отворена изложбата на Националната галерија на Македонија „За неа“ на која ќе се претстават бројни дела од колекцијата на НГМ.

Едно од делата предизвикува и со својата убавина, но и приказната како е дојдено до него.

Имено, тогашниот директор на Институцијата, Никола Мартиноски, еден од доајените на македонската современа ликовна уметност, во 1950 година бил на годишен одмор во Дубровник.

Таму налетал на дело од 17 век, од непознат италијански автор, за кое ги дал сите средства кои ги имал во себе, а дополнително побарал средства за откуп на истото за тогашната Картина Галерија.

Делото сега е значаен дел од колекцијата на Националната галерија на Македонија.

Инаку, на изложбата ќе бидат застапени дела на македонските автори (Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Димо Тодоровски, Борко Лазески, Петар Мазев…), како и од помладата генерација (Рубенс Корубин, Ацо Станкоски, Тодорче Атанасов и др.), но и дела од автори од бившите југословенски простори (Влахо Буковац, Тома Росандиќ, Иван Мештровиќ…), каде девојката, жената, мајката се инспирација во нивното творештво.

Истата, ќе трае до крајот на месец март 2019.

You May Also Like