Националната галерија на Македонија, по повод меѓународниот Ден на жената, организираат изложба насловен „За неа“, која ќе се отвори на 7 март (четврток), со почеток во 20 часот, во објектот Чифте амам, во срцето на Старата скопска чаршија.
По минатогодишната „Чудешните жени од колекцијата на НГМ“ ова е второ издание, кое од според зборовите на директорката Дита Старова Ќерими, се планира да прерасне во традиционална изложба која ќе се отвора во очи 8 март (ден претходно, на 7ми), а главна испирација ќе биде Жената и Колецијата на Националната галерија на Македонија.
Изложбата „За неа / Për të / About Her“ е составена од дела од колекцијата на НГМ кои се со тематика на приказ на жената како инспирација.
- Соочени со темите од историјата на уметноста каде жената е постојано присутна, од предисторијата преку антиката, хуманизмот и ренесансата, па се до модернизмот и рецентноста, во македонската и регионалната модерна и современа уметност среќаваме сцени каде жената е непресушна инспирација за уметниците, се вели во текстот кој ја најавува изложбата.
Застапени се дела на македонските автори (Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Димо Тодоровски, Борко Лазески, Петар Мазев…), како и од помладата генерација (Рубенс Корубин, Ацо Станкоски, Тодорче Атанасов и др.), но и дела од автори од бившите југословенски простори (Влахо Буковац, Тома Росандиќ, Иван Мештровиќ…), каде девојката, жената, мајката се инспирација во нивното творештво.
- Со почит кон светскиот ден на одбележувањето на борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност, на изложбата ќе бидат претставени дела на уметниците низ чија призма на гледање е претставена жената во сета своја убавина како мајка, идеал, борец, инспирација, љубовница, посакување…, се вели во воведниот дел на кустосот на изложбата, Горанчо Ѓорѓиевски
Изложбата ќе ја отвори Ана Мартиноска, професорка по културолошки студии на Институтот за македонска литература.
Истата ќе трае до крајот на месец март 2019 година.
Александар Ристевски