Младата кореографка Адријана Данчевска, која е дел од уметничкиот тим на Скопје танцов театар, во Ротердам ја подготвува кратката кореографија „Скеч“.
Taa работи на покана на универзитетот Кодартс – Ротердамската академија за танц. Во „Скеч“ настапуваат танчерите Наоми Калвазара, Флавио Кјусисана, Исаја Вилсон, Елведин Силеџич и Елена Нилсен. Оригиналната музика за кореографијата е на Александар Гроздановски, костимите се на Асалија Каџе, во продукција на Кодартс. Кореографијата ќе биде дел од изведувачката програма која компанијата при академијата ја изведува низ Холандија и Европа.
Адријана Данчевска е дел од новиот бран млади кореографи на Скопје танцовиот театар, првата официјална компанија за современ танц во Македонија. Работи како танчер и кореограф во Скопје танцовиот театар, под уметничко водство на Рисима Рисимкин, а е стручен соработник на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Во моментов ги завршува магистерските студии на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, ЕСРА, Скопје-Париз-ЊуЈорк, каде и дипломирала во 2014 година на Скопје танцовата академија.
Како танчер Данчевска настапува во редовниот репертоар на Скопје танцов театар, во Скопје, низ земјава и надвор од неа.