По повод 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, во Музејот на град Скопје, се поставува јубилејна изложба под наслов „Скопје, градот феникс“ при што се става акцент на процесот на издигување на градот како и на солидарноста од целиот свет.
Изложбата низ предмети и фотографии го пренесува земјотресот низ неколку сегменти, почнувајќи од првите мигови по катастрофата, сè до изградбата на првите монтажни населби во кои, пред почетокот на зимата, беа сместени бездомните скопјани.
Изложбата е збогатена со музејски експонати сместени во витрини и во неколку амбиенти конструирани на локации во Музејот.
Изложбата ќе се овори на 26 јули во Музејот на град Скопје, со почеток во 20 часот, и ќе трае во текот на целиот месец август.
Влезот е слободен.