Денеска (сабота, 4 мај 2013 година) во спортска сала Млаз во Богданци, свој прв самостоен концерт ќе одржи фолклорниот ансамбл „Мегдан“, со почеток во 18:00 часот.
Концертот претставува производ и плод на досегашната напорна работа како фолклорен ансамбл за традиционална музика и игра.
„Фолклорот е богатство, а ние сме негови амбасадори. Ќе ни биде чест да уживате заедно со нас“, велат од ансамблот Мегдан.