Изложба на слики на Илија Пенушлиски

Изложба на слики на Илија Пенушлиски во Културно информативниот центар денес (вторник, 6 ноември) со почеток во 20 часот.

Дваесет и девет дела на реномираниот македонски уметник Илија Пенушлиски се дел од изложбата, која ќе се отвори вечерва во 20 часот во Културно-информативниот центар во Скопје.

Делата во техниката акрил на платно се создадени во изминатите пет години. Неговата последна изложба во Македонија беше пред десет години во КИЦ.

Илија Пенушлиски е роден во Скопје, дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград, а постдипломски студии завршил на институтот „Прат“ во Њујорк како Фулбрајтов стипендист.

 

You May Also Like