Изложба на Христина Иваноска во МСУ

Утре (1 ноември, четврток) во 20:00 часот во Музејот на современата уметност ќе биде отворена самостојна изложба на визуелниот уметник Христина Иваноска.

Со најновото дело “Ова е земјата во која младите девојки прснуваат во смеа без многу двоумење” таа продолжува на свој начин да ја интерпретира идејата за можните премини помеѓу условните родови категории. Инсталацијата на Иваноска комбинира изработени предмети, силно oбременети со симболика, креирајќи внатрешен динамичен органски баланс за демонстрација на нејзината претстава за развојот на идентитетот. Утописки амбиент за гледачот во кој смеата изразува препознавање и радосно прифаќање.

Иваноска е родена 1974. во Скопје. Во 1997. дипломирала на  ФЛУ во Скопје. Досега има реализирано единаесет самостојни и голем број на групни изложби во земјава и странство меѓу кои меѓу кои State Museum of Contemporary Art, Солун (2012, 2004), Galerija Treći Beograd, Белград (2012), Slovak National Gallery, Братислава (2011), Neue Gesellschaft für Bildende Kunst, Берлин (2011), Музеј на современа уметност, Скопје (2011, 2010), Open Space – Zentrum für Kunstprojekte, Виена (2010) и други.

Изложбата ќе биде отворена до 31 декември 2012 година.
Куратор на изложбата е Мира Гаќина.

You May Also Like