Конкурс за пријавување дела за учество на второто „Интернационална графичко биенале“

Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Град Скопје и Министерство за култура на Република Македонија оваа година го организира второто издание на “Интернационалното графичко биенале” .

Биеналето ќе се отвори во Музеј на Град Скопје на 21 декември 2018 и ќе трае до 21 јануари 2019 година.

На Биеналето ќе бидат доделени три награди:

– Прва награда во износ од 400 евра
– Втора награда во износ од 200 евра
– Трета награда во износ од 100 евра

Во прилог е формуларот со сите правила и пропозиции за учество како и детали за доставување на делата. Делата се доставуваат најдоцна до 1 декември 2018 година секој работен ден во просториите на ДЛУМ од 10-15 часот или на следната адреса:

Друштво на ликовни уметници на Македонија
ул. Македонија бб Дом на АРМ
1000 Скопје

Од ДЛУМ бараат да се запази рокот за доставување, во спротивно сите дела кој што ќе пристигнат после овој датум нема да имаат право на учество.

Да се запазат правилата за учество на изложбите, односно делата задолжително се доставуваат заедно со пополнет формулар за учество и приложена копија од уплатница за платена чланарина (важи за оние кој што не учествувале на изложбите на ДЛУМ во 2018 г.) , во спротивно делата нема да бидат примени за учество на изложбата.

По завршување на изложбата делата треба да бидат подигнати во рок од 5 дена,

во спротивно остануваат во сопственост на ДЛУМ.

You May Also Like