Скопско лето: Прилепски театар со „Антица“ и концерт со музика од Димитрие Бужаровски

Вечерва (понеделник, 25 јуни) во 21:00 часот на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје, Прилепскиот театар ќе ја изведе претставата „Антица“ од Ристо Kрле, во режија на Бранко Брезовац.

Ова е првата од двете претстави што Прилепскиот театар ќе ги изведе во рамките на Скопско лето. Со „Антица“ театарот на 1 јули ќе настапи на фестивалот „Еуроказ“ во Загреб.

Во Музејот на град Скопје, во 20.30 часот, ќе се одржи концерт на кој четири музичари од Србија ќе изведуваат дела од нашиот композитор Димитрије Бужаровски. Ќе настапат: Ивана Аќимоски-Жикиќ на виолина, Александар Јаковљевиќ на виолончело, Драгана Ѓорѓевиќ и Ана Аќимовиќ на пијано.

You May Also Like