Изложба на Киро Урдин во Белгија

Дела од македонскиот уметник Киро Урдин се изложени во галеријата „Црниот пантер“, една од најстарите галерии во белгискиот град Антверпен.

Во рамките на изложбата, на која централно место има сликата „Табула раза“ со димензии 10 метри должина и 3 метри ширина изработена во маслена техника, претставени се околу 150 дела, од кои: 118 мали формати во маслена техника, 12 дела во акварелна техника и 20 други слики во среден формат.

Сликите се изработени во периодот од 14-месечната изолација на Киро Урдин за време на пандемијата од коронавирусот и се посветени на луѓето од целиот свет, за да се оддаде почит кон човечката сила да се справи со пандемијата во која голем број луѓе го загубија животот, како епопеја на надежта.

Во рамките на изложбата ќе бидат претставени и документарен филм и книга со наслов „Табула раза“.

Изложбата на Урдин ќе биде отворена до 10 април 2022 година.

You May Also Like