„Просветно дело“ распишува конкурс за работилница за креативно пишување за средношколци.
Бесплатната работилницата ќе се одржи во четири саботи во месец март. Почетокот на првата работилница е на 9-ти март (сабота) во 12 часот.
Ментори ќе бидат: м-р Ирена Јурчева, м-р Елена Пренџова и д-р Марина Мијаковска. На часовите средношколците ќе имаат можност да научат да пишуваат неколку типови на кратки раскази. Темата на работилницата е Скопје, а овој проект е поддржан од Град Скопје.
Кандидатите со име презиме и контакт ќе можат да се пријават на мejл: rabotilnica@prodelo.com.mk или на телефон: 077 708 255
Предвидено е печатење на алманахот „Кратки приказни од Скопје“, а учесниците ќе добијат благодарници за учеството во проектот.