Изложба и отворање на Рудиќ Галерија

Изложба и отворањето на Рудиќ Галерија во четврток, 18 април, со почеток во 20 часот…

Галерија Рудиќ како изложбено место за фотографија и визуелни медии има цел да организира и презентира изложби/проекти на реномирани автори и да промовира нови таленти низ нивното патување во запознавање на визуелна култура.

Покрај ова, галеријата има цел да биде и место каде љубителите на уметноста можат да ги купат нивните дела, како и место каде можеме да се дружиме и разговараме за фотографија и сите заедно да создадеме место со многу позитивна и креативна енергија.

Галеријата ќе се отвори со изложба на Боро Рудиќ на која ќе бидат поставени 24 фотографии од неговите последни два циклуси “Appearing – Disappearing” и “EXIT”

You May Also Like