Филмот „Пурпур и злато“ по сценарио и режија на Андријана Цветковиќ освои прво место во категоријата краткометражен игран филм на фестивалот IAFOR – FilmAsia Open Film Competition 2012.
Сценариото на филмот победи на интернационален конкурс за краткометражен филм што го организираа филмските студија во Јапонија, и беше снимено во познатото филмско студио Шочику во Кјото во 2010 година како самурајски филм (јидаигеки-посебен филмски жанр во Јапонија).