Изложба на Маја Андонова Јокиќ во НЛБ Галерија

Маја Андонова Јокиќ со изложбата „Обоена љубов” во НЛБ Галерија…

Со почеток во 20 часот, утре вечер (среда, 6 февруари 2019), во НЛБ Галерија (Дирекција на НЛБ Банка АД Скопје, ул.Мајка Тереза 1, Скопје) ќе биде отворена самостојната изложба „Обоена љубов” на дела од Маја Андонова Јокиќ.

На изложбата авторката ќе се претстави со педесет свои дела изработени со техниката акрил на платно во период од 2016 до 2019 година.

Андонова Јокиќ не е минималист, напротив. Во ова мачно тивко време на пригушени гласови, таа катарзично и несебично, но и доста храбро, како гејзер експлодира со бои, нешто налик уметнички оргазам не шокира со онаа убавата и заборавена реалност.

You May Also Like