Поетска збирка „Божилак на исконот“ од Филип Димкоски

Деновиве од печат излезе втората поетска збирка на младиот поет Филип Димкоски.Збирката е насловена ,,Божилак на исконот” , а содржи дваесет римувани песни.

Рецензентот, новинарката Марија Таушанска Анастасовска во освртот кон оваа збирка запишала:

„Иако во предговорот Филип напиша дека на секој автор му е тешко чувствата свои да му ги предаде на читателот, повеќе од очигледно е, тоа за него е најлесно од сè. Искрените чувства на младата душа многу лесно го наоѓаат патот до читателот, до човекот, до вистината…“

Професорката Ленка Јованоска, која се јавува како втор рецензент на книгата, забележува:

„Оваа поезија е ексклузивна затоа што авторот успеал преку компарации, метафори, персонификации и анафори да ја опише природата, која дише на таинствен начин , а со неа дише и човекот на свој начин“.

Автор на корицата е младиот ликовен уметник Кристијан Јованоски, а графичкото обликување на книгата е од графичкиот дизајнер Илија Димкоски.

Иако се уште е гимназијалец, ,,Божилак на исконот” eвтора поетска збирка од Филип Димкоски, кој досега е наградуван и објавуван не само во Македонија, туку и во Чиле, Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија.

Деновиве неговата поезија е објавена во списанието за литература Современост.

You May Also Like