Интензивно се работи на фасадата и депоата на Чифте амам

Продолжуваат интензивните работи на реставрација и санација на објектот Чифте амам, при Националната галерија на Македонија, во срцето на старата скопска чаршија.

Во оваа втора фаза, се работи на дел од фасадата, како и на санација на депоата. Запрено е оштетувањето од задната страна и влагата која го оштетуваше објектот.
Овие зафати на објектот се финансирани со средства од Амбасадорскиот фонд на Амбасадата на САД во Македонија.

Во периодот кој следи планирани се зафати и обнова на објектите Мала станица и спомен куќата на Лазар Личеноски.

Изминатиот период се вршеа зафати, покрај Чифте амам, и во Даут пашиниот амам, во кој исто како и во Чифте амам и во Мала станица, целосно се обнови и електриката и осветлувањето.

Од Националната галерија на Македонија велат дека продолжуваат со полн интензитет да работат на подобрување на условите за музејска и изложбена дејност.

You May Also Like