Галичка свадба по 46-ти пат за Петровден

И годинава (од 12 до 14 јули 2019 година)  по 46-ти пат, на падините на Бистра, во живописниот Галичник, ќе се одржи традиционалната културно-сценска манифестација – Галичка свадба.

Во центарот на вниманието и на годинешната најпозната македонска свадба ќе бидат галичката невеста Марина Петровска и младоженецот Огнен Караѓозовски, кој по потекло е од Галичник. Од витално значење за организирањето и одржувањето на атрактивноста на оваа автентична манифестација е поддршката што ја обезбедуваат големиот број нејзини партнери и помагатели.

You May Also Like