Награда за камерна музика за студентите од УГД

На 10 ноември во Самоков, Р. Бугарија, осуммина студенти од класата по камерна музика на доц. м-р Владимир Лазаревски учествуваа на вториот Меѓународен натпревар по камерна музика, посветен на композиторите Хајдн, Франк и Дебиси.

Најуспешен настап имаа студентите од дувачкиот камерен состав трио во состав Мартина Пашоска – флејта, Игор Димов – кларинет и Драгана Карова – пијано, при што се здобија со освоено второ место, кое вклучува меѓународна диплома и парична награда.

На натпреварот, награденото камерното трио од УГД се претстави со две композиции на композиторите Јозеф Хајдн и Франц Фуфер.

You May Also Like