Денес, (сабота, 25 август) во несреќен случај од струен удар, умре еден од великаните на македонското глумиште, актерот Ванчо Петрушевски.
Ванчо Петрушевски (роден на 19 април 1951 во Скопје) зад себе остави извонредна театарска кариера, а кај многумина ќе oстане запомнат по Македонските народни приказни, Хикирику, Трст виа Скопје, скечевите со ликот на Рамче…
Студираше во Софија, а дипломирал во Скопје, додека работниот век го помина на сцената на Драмскиот театар во Скопје.
Добитник е на бројни награди, меѓу кои и:
- Награда за најдобро актерско остварување на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за улогата на Јанко во „Собирен центар“ од Д. Ковачевиќ
- Награда „Димче Трајковски“ за епизодна улога на Тетарските игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за ликот на Јаков во претставата „Дупло дно“ од Г. Стефановски
- Најпопуларно ТВ лице според веснокот „Вечер“ за 1987 година
- Награда за најдобро актерско остварување на филмот и телевизијата според анкета на ревијата „Екран“
- Државна награда 23 Октомври за остварување во областа на културата и уметноста во 2016 година.
Улоги:
Балкан бенд
Погрешно време, 2000
Македонски народни приказни, 1989 – 2012
Хихирику ,
Ангели на отпад , 1995
Грев или шприцер, 1993
Време, живот, 1992
Тетовирање , 1991
Елелига Пепелига, 1991
Поштар , 1991
Опстанок , 1990
Среќна Нова ’49 , 1986
Трето доба, ТВ серија, 1986
Климент Охридски , 1986
Солунски патрдии , 1985
Диво месо , 1984
Виновник , 1983
Илинден , 1983
Пресуда , 1977