Во среда (17 април, 2013 година) со почеток во 20:30 часот, ќе биде отворена изложбата „Интимна рефлексија“ на Наталија Пулејкова-Радеска во Галерија 8, во Безистенот, во Старата скопска чаршија. Истата ќе биде отворена до 30 април.
Делата се создавани во период од 2005 до 2009 година и ги отсликуваат сопствените случувања, потрагата и перцепцијата како рефлексија на реалноста, каде преку емоцијата се поврзувам со интимата на душата која ја чува вистината за вљубеноста, радоста, тагата, болката, среќата, конфузијата, возбудата… А вистината го прикажува несовршеното како совршено, далечното како блиско и недостижното како достижно.
Двигател е моќта на љубовта, нејзината снага, да руши и одново да создаде, нејзиниот мир и немир, нејзината сила, храброст и благoдeти во корелација со квалитетот и суштината на човековото трагање и постоење.
_____________________________
Наталија Пулејкова – Радеска е родена 1982 година во Скопје, Македонија. Дипломира 2004 на Националната Ликовна Академија во Софија, Р. Бугарија на отсекот графика. Магистрира 2006 година на истата Академија, на отсекот сликарство. Член е на ДЛУМ од 2011 година. Има реализирано повеќе групни и три самостојни изложби.