IN MEMORIAM: Почина режисерот Златко Славенски

Денес, (понеделник, 8 април 2019) почина истакнатиот македонски театарски режисер и професор на ФДУ, Златко Славенски, на 53 годишна возраст.

Магистар Златко Славенски, беше редовен професор по театарска режија на Факултетот за драмски умености.

Ги поставувал Шекспир, Гете, Харолд Пинтер, Достоевски, Горан Стефановски, Сашко Насев, Венко Андоновски. Важеше за посветен истражувач на новите тенденции во театарот како медиум.

Ќе остане запомнат по бројните претстави кои ги остави зад себе: Безљубни, Кавкаски круг со креда, Сината птица, Бесови, Розенкранц и Гилденстерн се мртви, Амадеус, Време за сонување, Собрани дела на Вилијам Шекспир, Соларис, Папокот на светот и други…

Неофицијално, на Славенски му се слошило за време на час со студентите.

Славенски беше во брак со актерката од МНТ, Искра Ветерова.

А. Ристевски

You May Also Like