Денеска (недела, 28 јули) почина македонскиот актер Гоце Влахов, на 70-годишна возраст.
Неговата сопруга и ќерката преку социјалните мрежи соопштија дека Влахов починал по храбра шестгодишна борба со рак.
- „За оние кои сакаат да му оддадат почит, погребот ќе се одржи на 30.07 (вторник) во 11 часот во капелата во Бутел“, стои во нивното соопштение.
Гоце Влахов е роден на 12 мај, 1949 година. Ќе остане запаметен по улогите во Македонските народни приказни, од раните 70-ти до 90-тите години.
Влахов остварил и низа филмски и телевизиски улоги во текот на неговата повеќедецениска кариера: „Македонски дел од пеколот“ (1971), „Јад“ (1975), „Илинден“ (1982), „Оловна бригада“ (1980), „Јуначко колено“ (1984), „Климент Охридски“ (1986), „Трст виа Скопје“ (1986), „Тврдокорни“ (1988), „Опстанок“ (1991), „Во светот на бајките“ (1995), „Погрешно време“ (2000), „Чекор пред времето“ (2003), „Андер“ (2004), „Сенки“ (2007), „Бунило“ (2009).
Последна филмска улога му беше во филмот „Мајки“ (2010) на режисерот Милчо Манчевски.
На социјалните мрежи, актери и културни работници се простуваат од актерот кој остави битна трага во македонското глумиште.