Графики на Ридван Алити во КИЦ

Вечерва (среда, 12 декември) во Културно – информативниот центар, во изложбениот салон Империјал 2 со почеток во 20:00 часот, ќе бидат изложени графики од уметникот Ридван Алити.

На неговата четврта самостојна изложба, Алити ќе се претстави со 20 графики работени последнава година. Авторот е роден во 1974 година, во кумановско Слупчане. Факултет за ликовни уметности (оддел графика) завршил на Државниот универзитет во Тетово, а постдипломски студии на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Досега реализирал три самостојни и повеќе групни изложби во Македонија, Албанија и Австрија. Во 2008 година добитник е на наградата „Ванѓуш Миу“, во Корча, Албанија.

Изложбата ќе биде отворена до 22 декември.

You May Also Like