Фестивалот „Браќа Манаки“ добитник на меѓународната награда на ИМАГО за исклучителен придонес за филмската уметност…
Утре (сабота, 16 март) во Белград, на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ свечено ќе му биде врачена наградата за исклучителен придонес во промоцијата на филмската уметност.
Оваа престижна награда ја доделува ИМАГО, Меѓународната асоцијација на кинематографери на нивното второ издание на доделувањето на меѓународните награди.
На истата свеченост ќе им бидат доделни награди на познатиот американски кинематографер Едвард Лакман (Edward Lachman) за животно дело, на Рејчел Морисон (Rachel Morrison), кинематограферка од САД и на оскаровецот Дејвид Стамп (David Stump)за извонредни технички достигнувања.