Во МАНУ донеле одлука за промена на името

Македонската академија на науките и уметностите ги прифатила сугестиите на Владата, за промена на името, објави Алфа ТВ.

 

Претседателството на МАНУ донеле одлука за промена на својот назив, велат извори од академијата за телевизијата.

Собранието на кое ќе биде констатирана промената на името треба да се одржи следниот четврток, а ќе биде прифатена една од двете опции – Национална академија на науките и уметностите или Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија.

Акронимот, односно скратеното име МАНУ треба да си остане исто. 

You May Also Like